Ако се зголеми цената на струјата ќе има ценовен шок – алармираат синдикатите

Синдикатите со предупредување дека ако порасне цената на струјата, ќе следи нов бран поскапување, a граѓаните ќе добијат уште еден удар по домашниот буџет. Според, информациите, се бара домашната електрична енергија да поскапи за околу пет отсто.

Од ССМ велат дека ако тоа не се спречи ќе следи еден тежок период. Зголемувањето на цената на лебот ќе биде само почеток, пренесе Телма

Тоа значи уште едно обезведренување на минималната и просечната плата, но и уште едно зголемување на минималната кошница. По ова, доколку се случи цените од сите артикли и сите оние услужни дејности кои што се нормално поврзани со струјата ќе дојде до нивно поскапување. Така што мислам дека ќе не очекува еден тежок период, но да се надеваме дека ќе се најдат одредени решенија, вели Љупчо Радовски од ССМ.

Од пред неколку дена, некои видови леб поскапеа за околу 10 отсто поради зголемување на цената на пченицата. Од мелничко-пекарската индустрија ветија дека кога ќе се стабилизира, цената на лебот ќе се врати по старо. Но, од ССМ велат дека ако поскапи струјата, компаниите ќе имаат нов изговор да не го сторат тоа.