Од среда 19.6.2024 територијата на целиот Балкан, влучувајќи ја и Македонија ќе бидат зафатени од многу топол воздушен бран со потекло од северните предели на Африка.
Температурите преку ден на многу поместа ќе надминуваат 30 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени. Локално особено во соседна Србија, југозападот на Босна, како и во Хрватска локално температурата ќе се искачи дури и до околу 40, 41 степен.
Што се однесува до Македонија, температурите од среда токму и кај нас насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места и до околу 35 степени, додека локално во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 40 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, што значи дека попладневна нестабилност и невреме не се очекуваат. Сепак повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Најпогодена од овој топол бран од Африка овој пат ќе биде Италија, и таму локално се очекуваат температури дури и над 42 степени, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.