More

    Муцунски – Проблемите во ВМРО-ДПМНЕ не треба да се решаваат јавно

    Проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети, да бидеме вистинска алтернатива, да бидеме партија на решенија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во интервју за Радио Слободна Европа.

    Господине Муцунски деновиве актуелна е измената на законот за лични карти. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа предлогот на Беса, која што е дел од владејачката структура, а тоа е практично предизборен договор на Беса со СДСМ. Зошто за ВМРО-ДПМНЕ е важно да ја пишува етничката припадност во личните карти?

    Јас малку поинаку би го гледал ова прашање. Деновиве се отвора оваа тема и во политичкиот дискурс и е меѓу најактуелните теми во државата и како да ние доколку утре прифатиме во личните карти да постои изразување на припадност кон етничка заедница ние го нарушуваме граѓанскиот концепт на државата. Граѓанскиот концепт на владеење во една држава е напуштен многу одамна во Република Македонија. Доколку ние навистина сакаме да се движиме кон граѓански концепт ова не е најгорливото прашање. Нашиот Устав, нашиот политички систем и нашата внатрешна политика култура водат кон етнизација на ова општество.

    Тоа го нема како решение во ниту една земја-членка на Европската унија. Во некои земји го имале во минатото, па заклучиле дека не е добро решение да има етничка припадност па го тргнале. Го има на пример во Кина. Зошто мислите дека е добро да го има во Македонија?

    ас не гледам ништо спорно во тоа да го има.

    Неколку пати споменавте дека нема ништо спорно, но дали мислите дека е добро?

    Ако некој го чувствува како своја потреба, ако одредена група го чувствува како потреба тоа да го има, јас не гледам ништо спорно во тоа прашање и не мислам дека ќе создаде штета во нашиот соживот. Мислам дека штета во нашиот соживот создава рамката во која што постои нашиот уставен и политички систем.


    За образовните реформи, господине Муцунски, главните забелешки на вашата партија, барем оние што најгласно се слушаа, беа поврзани со предметот историја. Меѓудругото, на јавната дебата беше соопштено дека предметот историја ќе се изучува во шесто одделение, заедно со предметот општество и ќе се нарекуваат историја и општество. Кои клучни ваши забелешки останаа по таа јавна дебата во врска со образовните реформи?

    Многу е битно да го реформираме образованието. Како некој што своето примарно работно место му е во високото образование верувам дека ни се потребни сеопфатни реформи на образованиот систем и јас дури лично се согласувам дека можеби треба да се почне со основното образование.
    Но прво за да направите една таква голема реформа, ајде да размислиме прво во какви инфраструктурни услови функционираат нашите училишта. Дали се подготвени за таков профил на настава? Кога правите радикална реформа, каква што се има желба да се направи, да размислиме какви се состојбите во кои функционираат нашите наставници. Дали во период на корона-криза овие неколку месеци ќе бидат доволно време за тие да се обучат за таква една радикална реформа. Дополнително овој начин на функционирање ќе бара од нашите наставници многу поголем инпут во своето работење. Да го земеме в предвид фактот дека тие се луѓе кои иако ја имаат примарната функција во воспитување на нашите деца тие имаат приходи кои се далеку под пристојни за некој кој што ја извршува таа функција. Да размислиме зошто не се спроведува некоја форма на пилот –проект, туку веднаш се тргнува со агресивна платформа. Прашањето за историјата е многу битно и тоа не смее да се запостави. Лажна е тезата дека нашите забелешки се единствено дека не се согласуваме со ова прашање. Нашите забелешки се дека ова е една избрзана реформа, за која нема соодветна обука, за која нема соодветни структурни услови.

    Во меѓувреме има и некакви превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ, некаков Иницијативен одбор за промени. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нив ги нарече слуги на Заев. Какво е вашето мислење, го делите мислењето на лидерот Мицкоски?

    Во една политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ ние треба да функционираме во една демократска атмосфера, бидејќи ако функционираме во демократска атмосфера и сме подготвени да го слушнеме туѓиот став, тогаш ќе бидеме поуспешни и пообединети.

    Има сега таква атмосфера во ВМРО-ДПМНЕ и подготвеност да се слушне туѓиот став?

    Во таа насока јас би кажал дека нашата политика партија има статут, има и своевидна историја и традиција како политички субјект, но јас би рекол дека уште побитно е дека ние треба да воспоставиме високи етички и морални стандарди за како се однесуваме во рамки на партијата, бидејќи ако се однесуваме согласно тие највисоки етички и морални стандарди во партијата, партијата ќе биде уште толку поуспешна во убедување на граѓаните дека таа е вистинската алтернатива дека ќе донесе афирмативни промени во нашата држава. Но истовремено политика партија како таква е и една форма на семејство. Јас мислам дека за нашето семејство, колку и да не се согласуваме некогаш внатре, сите треба да бидеме внимателни што зборуваме надвор и да го почитуваме статутот на партијата кој што е највисок правен акт во партијата и да се водиме и при изборот на кадрите за раководство и при нашето однесување надвор и кон сите други субјекти и чинители во еден политички систем согласно највисоките етнички и морални стандарди кои сите ги знаеме кои се, тие се општо прифатени на глобални ниво.

    На која изјава алудирате кога велите дека сите треба да бидат внимателни што зборуваат надвор?

    Не алудирам на никаква изјава, туку алудирам дека сите треба да сме свесни дека демократијата значи функционирање на правилата, што значи дека во еден систем кога зборуваме за политичка партија имаме закон за политика партија, но кога зборуваме за конкретна политичка партија таа има статут и мислам дека проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека проблемите не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети и да бидеме вистинска алтернатива и тоа да го покажеме час поскоро, бидејќи доаѓаат локални избори, граѓаните се крајно незадоволни од ова владеење на градоначалниците, ное тоа го гледаме на секојдневна основа и со најмалите локални проблеми, коишто се во суштина најгорливите проблеми на граѓаните, и тука да понудиме решенија, да бидеме партија на решенија.

    Целото интервју со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски може да го погледнете во видео снимката на YouTube каналот на Радио Слободна Европа

    Извор: Радио Слободна Европа

    Фото и видео: Радио Слободна Европа

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    7.8 ° C
    7.8 °
    7.8 °
    42 %
    4.1kmh
    20 %
    Fri
    8 °
    Sat
    7 °
    Sun
    1 °
    Mon
    -0 °
    Tue
    2 °
    spot_imgspot_img