Тетовец измамен за сума од 3.600 денари

0
23

63- годишен тетовец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.600 денари.

Според пријавеното, лицето дошло во неговиот продажен објект и побарало да му подготви производи кои ќе ги плател кога ќе дојде неговата сопруга од банка. Како што е пријавено, додека чекале лицето разговарало на телефон, по што му ги побарало парите за да плати брза пратка, а парите ќе му ги врател кога ќе плати за нарачаните производи.

Исто така, според пријавеното, откако му ги дал парите лицето излегло и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.