АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Од 04:40ч сообраќајот на пат.правец Табановце – Куманово е нормализиран.

Во 23:45ч. сообраќајот на маг.пат А2 Ранковце-Кр.Паланка е нормализиран.

На 11.12.2022 год. од 12:30 часот на маг.пат Кичево-Охрид кај с. Врбјани сообраќајот на една коловозна лента е блокиран поради одрони на пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 30 м има кај Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

амсм