НЕ ни дадоа многу шанси. Бразил беше фаворит и повеќето луѓе беа убедени дека лесно ќе ја совладаат Хрватска, но некои се убедени дека еден инцидент го реши победникот, уште пред почетокот на натпреварот.
Да потсетиме, прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Бразил и Хрватска ја одбележа една несекојдневна ситуација. На масата скокна мачка, а портпаролот на бразилската репрезентација прво ја погали, а потоа ја фрли од масата.
Мачката не е повредена, но портпаролот ги изненади сите со овој потег. Фотографијата од мачката која се врати на маса имаше милионски прегледи на социјалните мрежи, а критиките упатени кон портпаролот се слеваа од сите страни.
Откако Хрватска го победи Бразил и обезбеди пласман во полуфиналето, на социјалните мрежи се појавија теории за тоа како Бразил загуби поради лошата карма поврзана со инцидентот со мачката.
Brazil isn’t winning the damn World Cup pic.twitter.com/EfQ59l8Xxy
— frqazhahßn (@FariqBAzaha) December 8, 2022
„Оваа мачка го проколна Бразил“, напиша еден твитер, додека друг додаде: „Тејлор Свифт беше во право, Карма е мачка!“
index.hr