(ВИДЕО) Атрактивната Нол откри кој и’ ги плаќа патувањата, од што заработува и дека вежба на шипка

0
372

Сексапилната хрватска навивачка Ивана Нол – која особено стана популарна со нејзиниот провокативен стајлинг на трибините во Катар- секојдневно привлекува внимание а овојпат тоа го направи откако повторно„исплива“ видеото (од пред две години) во кое открива детали од животот.

Најубавата хрватска навивачка Ивана Нол имено, пред две години, седнала на „жешкото столче“ на емисијата „Полиграф“ и ги открила сите своите тајни. Таа на „Полиграф“ (на порталот 24 часа) зборуваше за дружењето со Нивес Целзијус, флертувањето со фудбалери и откри кој ѝ ги плаќа сите патувања, но и дали водела љубов на јавно место.

Во емисијата убавицата открива и дека заработува од продажба на костими за капење, оние всушност во кои позира и ги рекламира и денес во Катар.

За одржување на телото во топ форма, хрватската навивачка редовно посетува часови по егозитичен пол денс (познат како „танц на шипка“). Октрива и дека и дома има шипка и дека често знае да покаже што ново научила.

„Сум водела љубов во автомобил, а автомобилот беше на јавно место…“ се сеќава Ивана на прашањето на новинарот дали некогаш водела љубов на јавно место.

Понатаму во разговорот таа е категорична дека иако се зборува дека некој ѝ ги плаќа патувањата, тоа не е вистина, а дека омилена дестинација ѝ е Азија.

 

 

espreso.mk