Вселенскиот брод „Орион“ на американската вселенска агенција (НАСА) вчера, 11 декември, слета во Тихи Океан, по повеќе од 25 дена во вселената и во орбитата околу Месечината.
Слетувањето беше извршено во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе.
Капсулата, во која немаше астронаути за овој пробен лет, влезе во атмосферата на Земјата со брзина од 40.000 километри на час.
Мораше да издржи топлина од 2.800 Целзиусови степени, односно половина од температурата на површината на Сонцето.
Главната цел на мисијата беше да се тестира топлинскиот штит на капсулата, најголемиот некогаш изграден во овие услови.
Во своето вртоглаво спуштање, леталото прво го забави атмосферата, потоа низа од 11 падобрани, додека не достигна брзина од околу 30 километри на час кога плусна во водата.
Мисијата има цел да собира податоци за Месечината.
видео: NASA