Судскиот совет разреши судијка од Велешкиот суд

Судскиот совет разреши судијка од Велешкиот суд поради сторена потешка дисциплинска грешка, потврдуваат извори од советот за Телма.

Станува збор за судијка за која имало претставки во судот, а се водат предмети во кавадаречкото обвинителство.

На прашање на Телма од обвинителството ни одговорија дека станува збор за 2 предистражни постапки поведени по кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со одлучување на судијката по конкретни предмети.

 

Текстот во целост на: Телма.