Ердоган: „Следната година планираме да го зголемиме домашното производство на нафта на 100.000 барели дневно“

0
184

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул изјави дека неговата земја следната година планира да го зголеми домашното производство на нафта на 100.000 барели дневно, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во Истанбул присуствуваше на доделувањето на наградите „Inovalig Champions“ во рамките на турската недела на иновации и по тој повод зборуваше за актуелните настани.

Една од темите за кои зборуваше Ердоган беа чекорите што Туркије ги презема во последните години во полето на развојот на одбранбената индустрија.

„Го зголемивме буџетот на нашите проекти во областа на одбранбената индустрија од 5,5 милијарди на над 75 милијарди долари“, рече Ердоган, истакнувајќи дека значително е зголемен и бројот на турски компании кои работат на тоа поле.

„Пред 20 години бројот на нашите компании од одбранбената индустрија беше 56, денес имаме повеќе од 1.600 компании во таа област.“

Ердоган потсети дека Туркије порано имала извоз во одбранбената индустрија од само 248 милиони долари и рече дека истиот извоз годинава најверојатно ќе надмине 4 милијарди долари.

Тој најави зголемување на домашното производство на нафта.

„Следната година планираме да го зголемиме домашното производство на нафта на 100.000 барели дневно“, рече Ердоган.

Кога станува збор за автомобилската индустрија, во блиска иднина се очекува сериско производство на турскиот автомобил ТОГГ.

„За неколку месеци, ако даде Господ, ќе го видиме нашиот ТОГГ на патиштата, што ќе биде гордост на Туркије и турската индустрија“, рече Ердоган.

„Чекор по чекор го решаваме проблемот со трошоците за живот, што е најголемиот извор на неволји за целиот свет, вклучително и Европа и Америка. Ќе продолжиме со нашата решителна борба сѐ додека Туркије не ја сместиме меѓу 10-те водечки економии во светот“, порача Ердоган.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Мурат Кула / АА Агенција Анадолија (АА).