Премиерот Димитар Ковачевски рече дека под уцена нема да преговара со превозниците, кои преку соопштение побараа средба со него, додавајќи дека ако не ги прими би можело да ги радикализираат протестите во главниот град.
„Јас сум човек кој ќе се сретне со сите со коишто треба, но не под притисок и не под уцена. Прво што треба да направат е да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните и на градот Скопје чијашто сопственост се тие улици. На тој состанок мора да бидат и надлежните од Град Скопје бидејќи владата нема надлежност во делот на превозот во Скопје“, вели Ковачевски.
Фото: Архива