(ВИДЕО) Лисабон е под вода – градоначалникот ги повика граѓаните да останат дома

Португалската престолнина Лисабон е под вода. Канцеларијата на градоначалникот на Лисабон прогласила црвен степен на временско предупредување во градот и ги повикала луѓето да останат дома, пренесува „Reuters“.

https://twitter.com/fyxwk/status/1602570196299939840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1602570196299939840%7Ctwgr%5Ec8032c4305267d54b08c02446fbbcdb64c8bcd2c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Flisabon-pod-voda-po-silnite-dozhdovi-video%2Fa559944

Службите за вонредни ситуации пријавиле 275 инциденти во Лисабон од полноќ и соседниот округ Сетубал.

Градските автобуси и трамваи не сообраќаат, метрото не функционира во целост и повеќе железнички станици се непристапни поради поплавите.

извор: „Reuters“

фото:

The Peninsula Qatar