Објавени фотографии од купчињата пари запленети во истрагата за корупцискиот скандал во ЕП

0
186

Белгиската полиција денеска соопшти дека запленила речиси 1,5 милиони евра во рации во врска со наводите за корупција против луѓе поврзани со Европскиот парламент (ЕП).

Соопштението е објавено на Твитер заедно со слики на кои се гледа мал куфер, неколку актовки и хартиени кеси полни со евра.

Во корупцискиот скандал кој деновиве во тресе Брисел досега се приведени четири лица под обвинение дека влијаеле на одлуките на Европскиот парламент во корист на домаќинот на Светското првенство Катар во замена за пари и подароци. Меѓу нив „падна“ и европратеничката од Грција и сега веќе поранешна потпретседателка на ЕП, Ева Каили.

Таа заедно со нејзиниот партнер, поранешниот европратеник Антонио Панцери и четвртото уапсено лице денеска треба да се појават на суд, каде што се очекува судијата да одлучи дали ќе им одредени мерка притвор.

 

 

360stepeni.mk