Путин нема да игра хокеј на Црвениот плоштад

0
199

Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.

– Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно, рече Песков. .

Тој не ја објасни причината за откажувањето на плановите.

 

nezavisen.mk