Левица од Тетово: Продолжуваме да растеме на сметка на пробугарскиот СДС

Пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиумот Јован Крајевски вчера го посетија локалниот огранок на Левица во Тетово – каде во другарска атмосфера и со борбен дух, се разговараше за актуелните политички и социјални проблеми.
📌Во период на засилена пасокизација на СДС, членството и симпатизерите на Левица продолжуваат да растат на сметка на лажните социјалдемократи, додека нивното пробугарско раководство е во паника – истакна Крмов.

Крмов, забележа и дека македонскиот народ полека во Левица ја препознава единствената политичка опција, додека Крајевски, посочи дека единствено Левица се грижи за економскиот интерес на обичниот човек.

📌Македонскиот работник препознава дека системот не функционира и дека само Левица се залага за нов и праведен економски систем – заклучи Крајевски.

〽️Членовите и симпатизерите на Левица од Тетово повторно истакнаа дека во овие историски моменти – кога Републиката се соочува со економски, социјален и национален колапс, Левица е единствена работничка Партија која почива врз АСНОМ-ските идеали и на наредни избори ќе биде клучен фактор без кој нема да може да се формира Влада.

извор: ФБ Левица