Маж од Македонски Брод, по кавга со сопругата ја запалил семејната куќа

Полицијата вчера попладне го лишиле од слобода Д.В.(66) од село во Македонски Брод затоа што по претходна расправија со неговата 63-годишна сопруга предизвикал пожар во семејната куќа, која целосно изгорела.

Како што соопшти МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Македонски Брод, а Д.В. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик.

фото: Архива