Десет лица загинаа, меѓу кои пет деца, во пожар што избувна рано утринава во близина на Лион, Франција, во Волкс-ан-Велин, јавува Ројтерс. Се уште не се познати причините за пожарот кој го изгаснале околу 170 пожарникари со 65 возила.
Пожарот избувнал околу 3 часот по полноќ. Покрај десет загинати, четворица се тешко повредени, а десет избегале со полесни повреди. Според Дејвид Анотел, член на Федерацијата на пожарникарите на Франција, пожарот започнал од приземјето на зградата. Потоа огнот се проширил нагоре. Станува збор за зграда составена од подрум и седум ката. Три ката беа во пламен, рече Анотел.
Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин изјави дека се уште не е позната причината за пожарот и ја пофали работата на пожарникарите кои спасувале луѓе во „исклучително тешки услови“. Тој додаде дека сите деца кои починале биле на возраст од три до 15 години. Францускиот министер за внатрешни работи додаде дека истрагата за причината за пожарот ќе биде покрената подоцна во петок.
index.hr