ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 17 декември

0
129

1538 Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија.

1577 По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи тихоокеанскиот брег на Америка.

1903 Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот.

1970 Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети.

1991 Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.

1993 Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.

1989 Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“.

2005 Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија.

2004 Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија