Пецаков: Успешно реализирана програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година (Т1)

0
174

Успешно реализирана програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година (Т1).
На само неколку дена пред крајот на календарската 2022 година успешно е завршена реализацијата на годишната програма за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година (Т1), НАПИША НА СВОЈОТ ФБ профил градоначалникот, Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Оваа програма, програмски е реализирана 100 %, а финансиски 96.14 %. Вкупно по разни основи преку оваа програма од буџетот на општина Охрид се трансферирани 5.527.456,00 денари.
Преку реализацијата на оваа програма оваа година овозможивме:
👉Реализација на проектот: Општинско корисна работа – ,,Од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните”- Отворени можности за еднакво образование за сите деца. Ангажирани 8 образовни асистенти во средните училишта заедно со УНДП;
👉Субвенционирање на трошоци кон јавните претпријатија за комунални услуги за социјално загрозените семејства;
👉Дадовме силна поддршка на граѓанските здруженија од областа на социјалната заштита и тоа: Дневен центар за лица со интелектуална попреченост ,,Зраци’’, Дневен центар за лица со интелектуална попреченост ,,Св Ѓорѓија”, Ретко е да си редок: Проект ,,Ги запознаваме ретките болести’’, Здружение на слепи лица, Здружение на Глуви и Наглуви лица, СОС Балканмедиа – Охрид, В.О.П.С. Поддршка Охрид, Општинска организација на Црвен крст- Охрид;
Овозможивме обука на 10 лица кои се стекнаа со сертификат за личен асистент на лица со попреченост;
👉Дадовме финансиска поддршка на центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој. Мерката е наменета за деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Корисник на овие средства е Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој;
👉За првапат оваа година доделивме стипендии на редовни ученици, студенти, магистранти и докторанти на државни и приватни училишта и универзитети на лица со ретки болести и посебни потреби и образовен додаток на студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик;
👉Особено горд оваа година ме прави отворањето на Инклузивната игротека „Радост„ во старата касарна во Охрид, која во иднина треба да прерасне во Дневен центар за лица со интелектуална попреченост во општина Охрид
Во 2023 година продолжуваме со бројни активности предвидени во оваа програма и гарантирам дека поддршката нема да изостане и ќе стигне до секој оној на кој му е потребна!
Се заблагодарувам до членовите на Советот на општина Охрид кои секогаш даваат едногласна поддршка за реализација на активностите предвидени во оваа програма и вработените во Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита и Секторот за финансии на општина Охрид за успешната реализација на програмата!

извор: ФБ Кирил Пецаков