(ФОТО) Во Старата скопска чаршија урнат објектот „Шар“ кој беше споменик на културата под заштита, ВМРО ДПМНЕ бара власта да одговори зошто го сруши и што се гради сега таму

Објектот „Шар”, лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел, а во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги повикуваме сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита!?, стои во објавата на Комисијата.

извор: ФБ Комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ