Во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, покажала најновата анкета на ИРИ.
Согласно резултатите на извршеното испитување на јавното мислење, за СДСМ би гласале 11 отсто од македонските граѓани, околу 7 отсто својот глас би го дале за ДУИ, а 6 отсто за политичката партија Левица.
Доколку се споредат оваа анкета и онаа лани од ноември, може да заклучиме дека паднал рејтингот на владејачката СДСМ за дури 5 поени, а на ВМРО-ДПМНЕ за само 1 процент.
Рејтингот на ДУИ останал ист, додека на Левица се зголемил за 2 поени.
Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.
lider.mk