Поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија Никола Груевски, според најновата анкета на ИРИ, во моментов е најпопуларниот политичар во Македонија со седум проценти. По него следуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети со по шест проценти и премиерот Димитар Ковачевски со пет отсто.
На прашањето „за кого би гласале, доколку утре се одржат избори во земјава“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 19 отсто од испитаниците, за СДСМ – 11 отсто, за ДУИ – 7 отсто, а за Левица – 6 отсто. Според анкетата на ИРИ, во моментот процентот на неопределени изнесува 21, додека 12 проценти изјавиле дека нема да гласаат.
Анкетата на ИРИ е спроведена од Брима врз репрезентативен примерок од 1.207 испитаници, во периодот од 23 септември до 13 октомври.
извор: ИРИ