Честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември од градоначалникот Кирил Пецаков. Во честитката се вели:
Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме јазичните и културни одбележја на различните народи со кои живееме во нашата заедничка татковина, Македонија.
Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите нас .Ова е влог и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател на нашиов град и држава.
извор: ФБ Кирил Пецаков