23-годишно момче е пронајдено мртво во Скопје.
Тоа е пронајдено мртво во фирма на булеварот „Србија“. Полицијата соопшти дека Итната медицинска помош вчера во 12:30 добила повик дека момчето е починато. Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а за настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото момче е дадено на обдукција.
vecer.mk