Утрово, околу 7 часот се случи тешка сообраќајка кај Раштански пат, во близина на велешката фабрика Киро Ќучук.
Младо момче на 24 години кое управувало со автомобил, со возилото прво удрило во неколку дрвја, па завршило во канал веднаш до коловозот.
Локалниот портал batali.net пренесува дека повреден е 24-годишен возач. Тој по укажаната помош од страна на медицинскиот персонал на ИПМ, со возило веднаш е префрлен во велешката болница.
„Сообраќајна незгода на патот од фабрика Брако кон Киро Ќучук во шанецот до касарната, во која е повредено 1 лице, на,24г возраст, со повреди на врат и горен дел на грбот. Со возило од ИМП пренесен во ургентен хирушки цантар во ЈЗУ Општа болница Велес“, изјави Јадранка Мишкова, дежурен лекар во Итната медицинска помош.
Полицијата е на местото на настанот, по што официјални податоци следуваат во текот на денот.
kurir.mk