Free Porn
xbporn

Home МАКЕДОНИЈА На денешен ден е роден Кочо Рацин, Револуционер и интелектуалец на работничката...

На денешен ден е роден Кочо Рацин, Револуционер и интелектуалец на работничката класа во Македонија

0
155

На 22 декември 1908 година во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература.

Коста Апостолов Солев Рацин е основоположник на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ издадена во Загреб во 1939 г. претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен поезија Рацин пишувал и проза, а напишал и повеќе значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика.

Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје денеска ќе се одржи свечено доделување на наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35 годинешна возраст, која оваа година ѝ припадна на авторката Рената Пенчова за поетскиот ракопис „Точки во бескрајот“.

Наградата ќе биде доделена во 13 часот на манифестацијата „Денови“ која установата ја организира традиционално и е посветена на раѓањето на поетот Кочо Рацин.

 

republika.mk