More

    Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за студентски оброк

    Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор.

    До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.

    Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.

    извор: Студентски отпор.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img