Лебот повторно поскапе од 5 до 8 денари

`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари. За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Секој понеделник, граѓаните ги чека нов ценовен шок на рафтовите, но од мелничко-пекарската индустрија се неумоливи. Високите цени ги оправдуваат со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија. Во спротивно, повторно најавуваат поскапувања.

Само за основните продукти се потребни 17.613 денари. Од другата половина, третина се троши за плаќање на сметките. За другите потреби на семејството, предвидени се ситни пари. На пример, за одржување на здравјето на оние кои имаат примања колку кошничката, им остануваат помалку од 800 денари. А тука ги нема кредитите кои ги отплаќаат огромен број домаќинства.

Во меѓувреме, од владата молчат и не откриваат дали и какви антикризни мерки ќе има наесен.

извор: Телма