Инцидент во Собрание меѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Вербалниот конфликт беше меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Апасиев кој од своето пратеничко место му дофрлаше на Мицевски кој беше на собраниската говорница.
Одеднаш околу Апасиев се собраа повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, по што тој во еден момент фрли со предмет по пратениците од најголемата владеачката партија.
Со цел да се избегне поголем инцидент, Гаши ја прекина седницата и го повика собраниското обезбедување да интервенира.
skopjeinfo.mk