Отказ и веројатна кривична пријава за тетовскиот гинеколог кој ги снимал пациентите и колегите, а видеото го објавил на Тик Ток

Во полициска станица заврши лекарот кој снимал видео во кое се гледа лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала помош во тетовската болница, на одделението за киретажа а беше објавено преку мрежата “Тик Ток”, објави Телма.

По пријава од директорот на болницата, Плумб Вела, дваесет минути пред полноќ полицијата го привела 43-годишникот, вработен како анестезиолог.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информираше дека лекарот е отпуштен од работа.

Текстот во целост на: Телма