Милков: На неопределено време го повлекуваме амбасадорот од Скопје, а преговорите на Македонија со ЕУ ги замрзнуваме

0
231

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков вечерва изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.

Вели дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје поради според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“

Бугарија ги суспендира сите меѓудржавни проекти со Македонија додека не добие докази дека Скопје ги почитува правата на Бугарите таму. Одлуката доаѓа по претепувањето на македонскиот Бугарин Христијан Пендиков во Охрид, јави БТВ.

На состанокот на Комисијата за надворешна политика беа сослушани министерот за надворешни работи Николај Милков и амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов.

„Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори.“ , вели Милков.

извор: Република