Божиновски: Општина Охрид со мнозинство гласови го усвои Буџетот – тој е реален креиран од народот за народот заснован на реалната моќност на Општината

0
228

На 21. седница на Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови го усвоивме Буџетот на Општина Охрид за 2023 година кој изнесува 1,3 милијарди денари.
Буџетот за 2023 г. е развоен и реален, буџет со поддршка на граѓаните и буџет кој обезбедува економска стабилност, напиша на својот ФБ профил координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Во објавата Божиновски додава:

Буџет со повисоки средства и зголемен акцент и поддршка за: културата, образованието и детските градинки, млади и невладини организации, туризмот, спортот, уредување на градежното земјиште, изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на пречистителни станици и колектори, јавната чистота, паркови и зеленило.

Парите во буџетот се од граѓаните и исто како оваа година тие разумно и праведно има да се трошат за граѓаните и за инвестиции кои обезбедуваат поквалитетен живот.
Општина Охрид за првпат го креираше буџетот заедно со граѓаните на отворени денови. Преку отвореност и транспарентност слушајќи ги идеите и предлозите за потребите на охриѓани целта е подобрување на животниот стандард.

Реален буџет креиран од народот за народот заснован на реалната моќност на Општината.
Заедно со народот создаваме промени за сигурна иднина!

Извор: ФБ Перчо Божиновски