Иако градоначалничката Данела Арсовска не му оддговри на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески дали го познава човекот кој ѝ беше посочен на фотографија, односно Аркан Керим, претседателот на Комората на туристички агенции, хотели, превозници на патници и ресторани при Сојузот на стопански комори на Македонија, на чиешто чело до локалните избори беше Данела Арсовска, и претседател на совет во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ на својот фејсбук профил објави дека се шпекулации, дека немал комуникација со актуелното градско раководство, нема никаква поврзаност со турската компанија-учесник на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје и дека го интересира само туризам и угостителство.
Сепак, на социјалните мрежи се појави фотографија на која Керим е фотографиран со Драги Митковски, „таткото на Скопје“ во сенка.
За Драги Митковски, познат како Драги Книга се зборува дека ѝ е ментор на Данела Арсовска, односно дека тој е човекот кој од сенка ги влече конците во рацете на Арсовска.
Republika.mk