Вечерва присуствував на 9. Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество.
Особено бев почестен, пред се како стоматолог што имав можност да се обратам на 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со интернационално учество и да им посакам топло добредојде во нашиот убав град, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во продолжение на објавата градоначалникот додава:
Верувам дека во наредните денови ќе бидат разменети искуства и познавања, ќе се разгледуваат последните клинички истражувања во стоматологијата и ќе се разгледуваат најновите надградби на стоматолошките водичи кои промовираат нови методи. Бидејќи сето тоа води кон подобрување и унапредување на услугите кои како стоматолози ги даваме на пациентите.
извор: ФБ Кирил Пецаков