АМСМ: Појава на магла на патните правци Тетово-Групчин, Куманово-Скопје, Катланово-Велес

0
187

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Групчин е намалена на 20 – 30 метри, Куманово – Скопје 50 – 60 метри и Катланово – Велес 50 – 100 метри.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.