Нападнати од соученици две девојчиња пред основно училиште

0
259

Две малолетни девојчиња биле физички нападнати во текот на вчерашниот ден.

Според информациите од полицијата, едниот настан се случил пред основно училиште во Радовиш, а вториот во Скопје.

„На 23.12.2022 во 21.37 часот С.И.(41) од с.Бучим пријавил дека на 22.12.2022 околу 11.00 часот пред основно училиште во Радовиш неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице.

На 23.12.2022 во 19.00 часот С.Г.(50) од Скопје пријавила дека околу 11.50 часот, во основно училиште на подрачјето на Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик“, соопшти МВР во дневниот билтен.

makfax.mk