Касами: За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна

„За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна“, вели тетовскиот градоначалник и лидер на Движењето Беса за ТВ Сител и додава дека ако од граѓаните се бара да ги почитуваат националните симболи, тогаш и државата треба да ги почитува своите граѓани и да ја рефлектира мултиетничката реалност
Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, смета дека треба да се донесе законско решение со кое државната химна и останатите национални симболи ќе ја рефлектираат, како што вели, реалноста во државата и ќе ги почитуваат сите етнички заедници.

Во спротивно, според Касами, доколку се интонира химната која етничките Македонци ја чувствуваат за своја, тогаш во општините со мнозинско албанско население треба да биде дозволено и интонирање на националната химна на Албанија која, како што вели, етничките Албанци ја чувствуваат како своја.

„Моите постапки се согалсно барањата на Албанците и тоа утре сакам да биде решено со закон како што е решено во делот со знамето. Сè додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на Македонците, а не се однесува на граѓаните односно на Албанците, на Турците и на другите етнички заедници, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна. За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна. Во овој дел мора да разјаснам, ние не сме против химната да се однесува на Македонците, но треба да се однесува и на Албанците“,

изјави Касами во гостувањето на ТВ Сител.

 

 

sitel.mk