Мијалков денеска спроведен во Кривичниот суд за „Титаник 2“

0
222

Претпладнево (10 ч.) во Кривичен е закажано ново рочиште за предметот „Титаник 2“ за кое, овојпат, е спроведен Сашо Мијалков. Последното, на 22 декември, не се одржа, бидејќи поранешниот шеф на УБК не беше спроведен од затворот во Струга. Тој се гони во случајот за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година, објави Телма.

Тоа беше причина за препукување меѓу институциите. Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќула рече дека случајот со неспроведување на Мијалков било поради техничка грешка во датумите на Кривичниот суд. Од таму, пак, одговорија дека „на повратницата од наредбата за спровод бил напишан точниот датум на рочиштето, односно 22 декември“.

Во меѓувреме, Управата за извршување на санкции изврши вонреден надзор во затворот во Струга. Притоа било утврдено дека нема пропуст кај управата на затворот и констатирано е дека станува збор за грешка која ја направил судот.

„Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година“, велат од Управата.

Текстот во целост на: Телма.