На 25.12.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода Ј.А.(22) од с. Селце, тетовско. При преглед во возилото „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 2423 парчиња пиротехнички средства. Имено, на автобуската постојка Беловиште тој со возилото не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во с.Пршовце бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР