(ВИДЕО) Извлечени 10 живи луѓе кои беа затрупани од лавина на австриските Алпи

0
146

Сите десет луѓе кои вчера беа затрупани од лавина на скијалиште во австриските Алпи се спасени.

Несреќата се случи вчера попладне во ски-центарот Лех-Цирс во сојузната државата Предарлска, на надморска висина од 2.700 метри.

Локалните власти првобитно соопштиле дека осум луѓе биле спасени од лавина во ски-центарот Лех-Цирс. Шест лица се неповредени, но две лица поради здобиените повреди биле пренесени во болници во Инсбрук и Блуденц.

Потоа започнала акција за спасување на уште двајца, откако на снимките биле забележани десет лица. Австриската полиција во околу 1:00 часот соопштила дека спасувањето е успешно завршено.

slobodenpecat.mk