Првиот блок на РЕК Битола од вчера во 22 часот не работи и е исклучен од мрежа.
Оваа информација штотуку на брифинг со новинарите ја соопшти првиот човек на МЕПСО, Орхан Муртезани, објави press24.mk.
МЕПСО добиле информација дека исклучувањето е планско, но засега не се знае кога ќе биде вратен во мрежа.
Во неделата ноќта и ТЕЦ Осломеј беше исклучена од мрежа.
„Настана проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, информираат од АД ЕСМ. Утрово Владта информираше за производството на струја вчера. „Произведени се 16.679 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 10.949 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.730 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата“ – се вели во соопштението на Владата.