Вчера во угостителски објект во Скопје биле уапсени двајца изнудувачи, односно рекетари. Тие од крушевчанец се обиделе да изнудат 18 илјади евра.
– На 27.12.2022 во 18.30 часот во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од с. Елово, Скопско и Р.А.(34) од Скопје.Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „бмв“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра, информираат од МВР.
Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното. Тие биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите.
Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
skopskoeho.mk