Масимо Савиќ ќе биде погребан во Задар на 3. јануари

На 61 година, по кратко и тешко боледување, не напушти големиот уметник и почитуван музичар Масимо Савиќ. Како што потврдија од неговата дискографска куќа, комеморацијата ќе се одржи во петок на 30 декември 2022 година во Хрватскиот народен театар во 11 часот. Во фоајето на Хрватскиот народен театар ќе има и Спомен книга во која ќе може да се потпише секој што ќе посака.

Последното збогување ќе биде во вторник на 3 јануари во 11 часот на Градските гробишта Задар. „И комеморацијата и последното збогување се отворени за секој кој сака уште една шанса да се збогува со Масимо“, забележува Aquarius Records.

Концертната сала Лисински ги пречека сите фанови, па местото пред нејзиниот влез, каде граѓаните со денови се збогуваат со својот омилен музичар, до 31 декември ќе биде достапно за палење свеќи и положување венци.

Масимо почина на 23 декември, а веста за неговото заминување на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.

 

24sata.hr