Бракот им траеше само три недели, Џенифер и Бен се разведуваат?!

0
195

Откако се венчаа пред само три недели во Лас Вегас и го завршија својот меден месец пред само неколку дена, Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно одлучиле да поминуваат помалку време заедно.

Според Холивуд Лајф, парот постигнал консензус да се разделат на одредено време откако уживале во медениот месец во Европа и веруваат дека овој потег ќе биде од корист за нивната врска на долг рок. Причината, според медиумите, е зацврстување на нивната врска, а одлуката ја донеле за да не се изгуби магијата меѓу нив.

Бидејќи нивните кариери ги принудуваат да поминуваат долго време сами, Лопез и Афлек решиле да се дистанцираат. Не сакаат да ја остават кариерата настрана поради љубовта и веруваат дека најдобрата опција е да се дистанцираат. И двајцата ќе можат да продолжат да заработуваат додека чувствуваат дека ја подобруваат својата врска.

 

jutarnji.hr