Исчезнат рибар два дена се држел за пловка во океанот, денес е спасен

Рибар кој исчезна по пад од чамец во близина на брегот на Бразил е пронајден како се држи за сигнална пловка. Давид Соареш (43) бил спасен од негов колега-рибар, два дена откако неговиот брод бил пронајден како плови напуштен во Атлантскиот Океан.

Соареш за локалните медиуми изјави дека паднал од својот рибарски брод и пливал четири часа, пред да наиде на пловката за која можел да се држи. Откако го пронашле, бил однесен во болница, каде накратко бил лекуван од дехидрација.

На 25 декември, рибарот сам отпловил од плажата Атафона, северно од Рио де Жанеиро, но се лизнал од бротчето и паднал во океанот. Тој за бразилските медиуми изјави дека „првите 10 минути биле најтешки бидејќи сакал да се врати на бродот по секоја цена“, но дека струјата била премногу силна и не може да стигне.

Кога сфатил дека нема да може да се врати на бротчето, ги соблекол кошулата и панталоните бидејќи му тежеле и се пуштил да лебди. „Водата беше немирна и дуваше… па одлучив да се препуштам на струјата за да трошам помалку енергија”, рече тој.

По четири часа стигнал до сигналната пловка во близина на пристаништето Ачу, на која се искачил. „Мислев дека ќе замрзнам до смрт пред да пристигне каква било помош”, вели тој.

Потребни биле два дена за да го забележи еден од неговите колеги рибари кој тргнал да го бара откако неговото семејство алармирало

slobodenpecat.mk