Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои во одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен бранител. На секое решение за обесштетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.
Вредност на обештетување
Сашо Величковски 541.194 денари 8.800 евра
Димче Манчов 416.588 денари 6.770 евра
Марјан Величковиќ 496.743 денари 8.000 евра
Зоран Ангеловски 362.894 денари 5.900 евра
Одлуките за плаќањата заедно со податоците на обештетените лица поминаа како одлуки на Владата на седницата на 20 септември годинава.
Телевизијата Алсат потврди дали обештетените се воени инвалиди кои добиваат инвалидски пензии од Министерството за труд и социјална политика.
Прашањето за обештетување започна преку тужби од поранешни војници и припадници на безбедносните сили против Министерството за одбрана и МВР.
Покрај потписот на Груби, на крајот од документот, во својство на лице кое го одобрило документот во правно-формална смисла е и потписот на Тахир Хани.
faktor.mk