На Дендиас му се слошило за време на литургија на Света Гора, тој се огласи преку Твитер вели: Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот

0
189

За време на литургијата во манастир на Света Гора, на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас му се слошило, меѓутоа според извори од грчкото МНР тој е во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција, за грчките медиуми брифирале дека Дендиас имал појава на ортостатска хипотензија, но е добар.

Според државната телевизија ЕРТ, веднаш интервенирал лекар кој го прегледал Дендиас, а подоцна ќе се разгледа и ќе се одлучи дали шефот на грчката дипломатија ќе продолжи со планираните активности за денеска, во рамките на неговата дводневна посета на Света Гора што започна вчера.

Подоцна министерот на Твитер напиша дека е целосно добар со „две гребнатини од падот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Искрено им благодарам на оние кои изразија интерес за моето здравје. Апсолутно сум добро, со две гребнатини од падот и импресиониран од она што го видов и слушнав од првата посета на МНР на Света Гора во последните 11 години. Се обврзав дека ќе се вратам наскоро, напиша Дендиас на „Твитер“.

извор: МИА