Обид на охриѓанец да украде автомобил

Вчера во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид. Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански” во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво” со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

mkd.mk