(ВИДЕО)Шестмесечната камила Алберт за прв пат во животот виде снег

0
183

Шестмесечната камила Алберт стана хит на TikTok откако неговиот сопственик објави видео на кое тој скока од радост што првпат видел снег.

Камилата, која живее на ранчот Гранде во Оџаи, Калифорнија, била толку заљубена во снегот што во еден момент радосно почнала да скока. Подоцна, пак, таа гордо чекореше низ снегот во друштво на кози, на чело на стадото.

„Тој истрча до козите кои беа во шталата затоа што не им се допаѓа снегот, но Алберт некако успеа да ги убеди да излезат и да прошетаат со него во снегот. Тој е толку љубопитен“, рекол сопственикот на ранч, чие видео досега е прегледано повеќе од пет милиони луѓе.

@ranchograndeojai Snow camel walks with the goats #ranchograndeojai #ranchoojai #ojai ##ranch #camel #goats #snowdrop ♬ Salut d’amour, Op. 12 (Version for Cello and Piano) – Edgar Moreau

 

index.hr