Сообраќајка на патот Охрид-Кичево кај село Оровник, возило излетало од патот

Сообраќајка на патот Охрид – Кичево. Имено, На 02.01.2023 во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај с. Оровник, патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с. Мешеишта, Струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с. Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

skopskoeho.mk